Интервју со Весна Петреска, жена пилот
05.03.2019
1. За некои сон или страв, но за Вас летањето е нешто вообичаено… или така изгледа од наш агол?
*Вообичаено никогаш не било, а не верувам и дека еден ден ке биде. Сеуште постои желбата и возбудата пред секој лет како да ми е прв во животот, секогаш секој лет си е сам засебе посебен и секоја подготовка за лет е нешто поразлична од претходната па за тоа и не верувам дека еден ден ке биде вообичаено нешто што го правиме секој ден, како будењето наутро.
2.Технологијата се движи со енормна брзина, па секогаш се поставува прашањето: постојат ли граници на можностите?
*Секогаш се трудиме да бидиме во тек со новостите и технологиите што се развиваат секојдневно, и да сметам дека на некој начин постојат граници на можностите но секој ден се трудиме тие граници да ги достигнуваме, со самото тоа што си поставуваме самите на себе па некоја следна граница за еден ден и таа да биде освоена. Сметам дека тоа што денес е граница на можности следниот ден веќе не претставува.
3.Денеска и не е така невообичаено жена да биде пилот. Дали секогаш било така?
* Мислам дека не било од секогаш така. Секогаш се сметала жената како “послаб” пол, и секогаш на неа се гледало од некоја страна на недоверба дека може да ги извршува задачите и работите што ги извршува мажот. Меѓутоа со развојот на општеството многу работи се променети и жената успеала на некој начин да се докаже рамноправна како мажот. Сепак постојат сеуште професии каде што се смета за невообичано да се сретне жена на такво работно место,иако нивниот број е минимален (пр. една во една единица), луѓето сеуште сметаа дека тоа е невообичаено, меѓутоа многу жени се борат тој број денес да биде сведен на минимум.
4.Која е Вашата приказна? Како стигна Весна до пилотската кабина?
* Со многу голема желба и труд. Како мала не верував дека женско може да биде пилот, па затоа кај мене се поистовети желбата да бидам во висините со желбата да станам стујардеса. Меѓутоа како што спомнав и претходно, со развојот на правата и на жената да се докажува како рамноправна, водена од желбата да си го исполнам и јас еден ден мојот сон, се пријавив на конкурс што беше објавен од страна на Министерството за внатрешни работи и така еве ме денес како прва жена пилот во полицијата.
5.Сега постојат огромни можности за совладување на знаења за работа во воздухопловството….Како се одвиваше Вашата обука во периодот кога влеговте во тренажен процес?
*Мојата иницијална обука се состоеше од 3 фази: првата фаза беше елементарна фаза во која се обучувавме на авион Zlin 242L и во која имавме најмногу теорија, втората фаза беше основна фаза во која преминувавме на хеликоптер Bell 206 и ги учевме основите на пилотирање со хеликоптер како и аеродинамика на хеликоптер, и третата фаза или напредна фаза во која акцент се ставаше само на летањето и во која се усовршуваа техниките на пилотирање.
По завршувањето на освновната обука и добивањето на дозвола за хеликоптер Bell 206, во министерството за внатрешни имав и преобука на тип на хеликоптер Bell 412.
6.Едно лично прашање: како реагираа Вашите најблиски на определбата да бидете дел од воздухопловството?
* Во почетокот беа малце исплашени, зборам за мајка ми, иако таа беше првата што ме извести за објавувањето на конкурсот бидејќи знаеше дека имам желба да се пријавам за пилот. Исплашени во смисла дека за девојче нели се смета за невообичаено во не типично женска професија да сака да гради своја кариера. Меѓутоа поддршката во ниту еден момент не се изгуби, ниту од неа ниту од сите блиски кои беа покрај мене во текот на обуката.
7.Некогаш и денеска… има ли крај инвентивноста на авиоиндустријата? Успевате ли да ги следите новите случувања во оваа индустрија?
* Авиоиндустијата се развива со огромна брзина и сметам дека нема крај на инвентивноста и на усовршување на системите кои се во едно летало. Како што се развуваат и усовршуваат работите во секојдневниот живот така и авиоиндустријата се стреми на усовршување и изнаоѓање на современи системи кои ке ја поедностават работата во кабината. А на нас како пилоти ни останува секојдневно да ги пратиме таквите достигнувања и да ги усовршуваме за се со цел да се надградуваме самите себеси и да бидеме се по успешни.
8.Што ќе им препорачате на младите девојки на кои пилотирањето им преставува животен предизвик?
* Go for it! Борете се за своите желби и никогаш не се откажувајте. Не постои пречка која не може да се совлада.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк