Интервју со Катерина Кајсторовска Капетан на Боеинг 737, жена пилот
07.03.2019
1. За некои сон или страв, но за Вас летањето е нешто вообичаено… или така изгледа од наш агол?
Денес летањето е моја секојдневна работа но од најраното детство представуваше сон и предизвик.Бев многу малечка кога на прашањето што сакаш да бидеш кога ке пораснеш одговарав,,Сакам да бидам пилот на авион.
2.Технологијата се движи со енормна брзина, па секогаш се поставува прашањето: постојат ли граници на можностите?
Како технологијата оди напред така измените во авијацијата одат напред,за да можат да се следат тековите на технологијата мора многу да се вложи време и внимание за да може да следи секоја новина и информација.
Границите на можностите ги поставуваме сами или ни се наметнати но реално граници нема,особено на небото нема граници.
3.Денеска и не е така невообичаено жена да биде пилот. Дали секогаш било така?
Секогаш лугето реагираат кога ке видат жена во униформа нивните реакции се од воодушевување до страв.Јас лично кога почнав да летам имаше различни кометари но наидов и на разбирање особено сум благодарна на разбирањето и поддршката на г-н Александар Хаџијевић тогашниот директор на Јатовата Пилотска Академија.
4.Која е Вашата приказна? Како стигна Катерина до пилотската кабина?
Мојата приказна почнува во 1990та година тогаш првпат се сретнав со авионите во улога на пилот ученик.По завршувањето на основното училиште сакав да одам во воено училиште но на мое големо разочарување таа година не примаа жени .Бев многу разочарана ги оставив дома документите за упис во средно училиште и отидов на море,моите ги замолив да запишат некаде но да ми остават можност ако некогаш имам шанса да му се вратам на летањето.
По завршување на прва година на гимназија татко ми донесе примерок од весник Политика Експрес каде што пишуваше дека Јатовата Пилотска Академија ги отвара вратите за сите што сакаат да научат да летаат.По кратки договори и припреми отидов на академија во летно школо на летање.
Следната година отидов пак овој пат во Навигацино школо на летање,кратко по моето заминување на академија почна војната.Тука морав да направам голема пауза во моето школување но ѕа да бидам блиску до авионите станав стјуардеса во Авиоимпекс.
Во 1999та година повторно се створија услови да се вратам на академија но почна војната во тогашна Југославија па морав пак да ја прекинам обуката.По тоа пак се вратив и конечно во 2001ва се стекнав со Професионална пилотска дозвола и овластување за инструметално летање.
Две години се обидував да најдам работа безуспешно се додека еден ден не отидов во МАТ.Таму го запознав капт. Петар Балог му ја раскажав мојата приказна и го замолив да ми помогне.После некое време ми се јави и ми кажа дека е решено да ми се овозможи школување на Боеинг 737.
5.Сега постојат огромни можности за совладување на знаења за работа во воздухопловството….Како се одвиваше Вашата обука во периодот кога влеговте во тренажен процес?
По завршување на Јатовата Пилотска Академија во Вршац моето школување продолжи во Штокхолм,Шведска за тип на авион Боеинг 737 на симулатор,па практичен дел на авион.Секогаш кога менуваме тип на авион се одвива истиот редослед прво се започнува со обука за тип на авионот,па се оди на симулатор па потоа се влегува во авион.
6.Едно лично прашање: како реагираа Вашите најблиски на определбата да бидете дел од воздухопловството?
Најголема благодарност до татко ми прво беше зачуден но кога ја виде мојата решеност беше мојата поддршка низ долгите години вистинска борба за место во воздухопловството.
7.Некогаш и денеска… има ли крај инвентивноста на авиоиндустријата? Успевате ли да ги следите новите случувања во оваа индустрија?
Ние постојано учиме и се усовршуваме тоа е дел од професијата што ја работиме.По природа сум љубопитна и интересно ми е да совладувам нови предизвици,иновации и случувања особено во сферата на авијацијата.
8.Што ќе им препорачате на младите девојки на кои пилотирањето им преставува животен предизвик?
Да го следат својот сон,да ги слушаат желбите на своите срца ниеден пат не е тежок во остварување на нечиј сон.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк