Висока делегација на државата Катар во посета на АЦВ
05.04.2019
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д- Томислав Тунтев, вчера, оствари средба со висока делегација на амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, предводена од неговата екселенција г. Saed Bin Mubarak Al-Hajri.
На средбата, беше побарана поддршка од македонските воздухопловни власти, за кандидатурата на Државата Катар за член во Дел III на Советот на ICAО, на изборите кои ќе се одржат во текот на 40-тото Собрание на oваа меѓународна организација (24 септември-4 октомври 2019).
На состанокот, претставниците на Државата Катар ја потенцираа и посветеноста на нивната држава на ICAO, неговата мисија, цел и принципи, како и на значењето на воздушниот транспорт кој обезбедува поврзаност на земјите како предуслов за економски развој и независност. Исто така, во кандидатурата беше изразено убедувањето дека Државата Катар може значително да придонесе во изнаоѓањето на решенија на бројните предизвици со кои се соочува меѓународното цивилно воздухопловство
Воедно, на средбата се разговараше и за утврдување на областите за унапредување на соработката помеѓу воздухопловните власти на двете држави, пред се во доменот на стручното оспособување на персоналот во воздухопловството, кое се јавува како предуслов за зајакнување на нивните капацитети со цел спроведување на надзорните функции.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк