22.04.2019

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др Томислав Тунтев, реализираше работна средба со меѓународниот експерт од ЕАСА, г ѓа Ханзел Кортни.

На состанокот двајцата соговорници, разменија мислења околу претстојната соработка меѓу ЕАСА и АЦВ, во делот на имплементацијата на IPA4 програмата, како и за подготвеноста на г ѓа Кортни, да учествува во моделирањето на Националната програма за безбедност (State Safety Programme/SSP) и прoпратните документи на Агенцијата, потребни за целосно имплементирање на Анекс 19 на ICAO.

Тунтев и Кортни, се согласија дека, АЦВ и ЕАСА преку  експертски тимови, се подготвени во претстојниот период, интензивно да работат на изготвувањето на, План за имплементација на Националната програма за безбедност, План за безбедност и безбедносни индикатори, како и на креирање на временска рамка на функционална подготвеност на Националната програма за безбедност.

Овие документи, според првиот човек на АЦВ претставуваат важен сегмент во усогласување на домашната регулатива, но и во задоволувањето на предусловите за целосна имплементација на Анекс 19 на ICAO и EASA стандардите во соодветната област.

Со активностите кои ги презема АЦВ, смета директорот Тунтев,  ќе биде подигнат степенот на безбедност во воздухопловниот сектор, како важен предуслов за овозможување, безбеден, ефикасен и одржлив воздухопловен развој на државата.