Директорот на АЦВ Тунтев се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
25.04.2019
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др. Томислав Тунтев, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, г. Кристијан Тимоние.
На средбата, двајцата соговорници разговараа за иницијативите за продолжување и унапредување на соработката меѓу воздухопловните власти на двете држави со цел, зајакнување на кадровските потенцијали на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку подигнување на степенот на обученост на вработените низ програмите на Францускиот универзитет за цивилно воздухопловство (ЕНАК). Едновремено, на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство, би им се отворила и можност за унапредување на знаењата и компетенции преку магистерски студии во EНАК, на кои би им преходела настава за изучување на францускиот јазик, како дополнително олеснување во подготовката за истите.
Амбасадорот Тимоние ја искористи средбата, на директорот Тунтев да му го пренесе и интересот на француските компании за влез на македонскиот авио пазар во делот на подобрувањето на оперативните капацитети на субјектите на воздухопловната индустрија. Пред се, преку соработка со давателот на услуги на воздухопловна навигација, при реализација на активностите од Проектот за модернизација на системот за контрола на летање на М-НАВ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк