АЦВ на штанд со промотивни материјали на Мај Флај ќе го промовира јубилејот 75 години ICAO
08.05.2019
Во рамки на одбележувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со воздухопловниот спортски клуб “РЦСК”, во сабота и недела (11 и 12 мај) со свои активности ќе се вклучи и ќе го поддржи четвртиот меѓународен собир за воздухопловно моделарство Мај Флај, што ќе се одржи на спортскиот аеродром Стенковец, во Скопје.
Јубилејното чествување на меѓународната организација ICAO, чија членка е земјава веќе 25 години, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Мај Флај ќе го реализира преку делење промотивни материјали на својот штанд “75 години ICAO”.
Меѓународниот собир на моделари Мај Флај преставува исклучително важен настан за размена на искуства од ревијален тип, со презентација на радио-контролирани воздухопловни модели.
Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани граѓани, на кој, покрај промоцијата на сите категории на радио-контролирани модели, ќе се презентираат и достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе бидат разменети искуства со меѓународните учесници во натпреварувачки и ревијални собири.
Во ревијалниот и натпреварувачкиот дел ќе земат учество голем број моделари и пилоти од земјава, Англија, Украина, Црна Гора и Србија.
За присутните на настанот предвидена е шоу програма со ревијални прелети на авиони, едрилици и хеликоптери од македонското спортско воздухопловство, како и богата културно-забавна програма.
На маргините на дводневниот настан Мај Флај на најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени медали и уверенија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк