Директорот на АЦВ Тунтев се сретна со директорот на EUROCONTROL Бренан
13.05.2019
Во рамките на работната посета на EUROCONTROL во Брисел, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др. Томислав Тунтев, оствари средба со г-дин Емон Бренан, генерален директор на EUROCONTROL. На средбата учествуваа и г-дин Јакопо Присиноти – директор на Network Management, Доналд Хендли – раководител на кабинетот на генералниот директор, г-ѓа Дениз Актуг – висок советник на генералниот директор за меѓународна соработка и г-дин Кенет Томас, раководител на Network Operation Division Management.
Домаќините, на средбата низ сеопфатна презентација ги преставија севкупото работење, активностите и развојните проекти на EUROCONTROL, како единствена европска специјализирана агенција за управување, контрола и безбедност на воздушниот сообраќај.
Директорот Тунтев, од своја страна, детално го запозна највисокиот раководен тим на EUROCONTROL со актуелните деловни активности и идните планови на македонските воздухопловни власти и соработката со субјектите на авиоиндустријата во нашата држава.
Средбата беше искористена за продуктивна и сеопфатна дискусија околу повеќе актуелни разновидни теми од областа на воздушниот сообраќај и транспорт, што се од есенцијално значење за развојот на воздухопловството во Република Северна Македонија. Соговорниците разговараа за порастот на воздушниот сообраќај на македонското небо, зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот на македонските аеродроми, значителната редукција на задоцнувањата на летовите, емисијата на јагленороден диоксид, реалните можности за влез на нови нискобуџетни превозници на македонскиот авиопазар, условите за зголемување на ефикасноста и перформансите на воздухопловните субјекти, потребата од ангажман на образован, искусен и стручен кадар во АЦВ, условите за забрзан развој на охридскиот аеродром во насока на интензивирање на одржлив развој на туризмот во опслужното подрачје на аеродромот, неопходната потреба од проширување на воздухопловните оперативни капацитети на глобално ниво, и сл.
На средбата стана збор и за одобрената стручна, техничка и материјална поддршка на развојот на воздухопловните системи и развојните проекти на македонските воздухопловни субјекти, во рамки на проектот “Support to States” на EUROCONTROL.
Во рамки на посетата беше организирана и презентација на функционирањето на “Оперативната просторија” за управување и контрола на воздушниот сообраќаен проток над европскиот континент во состав на Network Manager, со реален и симулиран визуелен преглед на воздухопловните текови на дневно ниво.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк