АЦВ на 1 и 2 јуни со поддршка за манифестацијата “Охрид трчаТ”
20.05.2019
Во духот на современите европски трендови за подигнување на свеста за здрави животни навики и зачувување на животната средина, Агенцијата за цивилно воздухопловство на 1 и 2 јуни годинава, ќе земе активно учество во третата по ред атлетска манифестација “Охрид трчаТ”.
Покрај вклучување со тим од 6 учесници во трката на 5 и 10 километри, Агенцијата за цивилно воздухопловство, на најголемиот атлетски викенд во главниот туристички центар, ќе биде присутна и со свои штандови, на кои учесниците во натпреварот ќе може да се освежат со вода и овошје, и на вториот пункт на градскиот плоштад, сите присутни посетители ќе можат да бидат дел од промотивните активности институцијата.
Стартот и финишот на трката ќе бидат на градскиот плоштад, а патеката на движење ќе биде низ улиците и стариот дел од градот.на 31 мај пак, ќе биде организирана ноќна рекреативна трка на патеката покрај кејот на охридското езеро.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, како институција со сериозна општествено развојна свест, ги дели визијата и целите на организаторот “Охрид трчаТ”, за развој на организираниот спортски туризам во земјава и зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот.
За таа, цел, АЦВ, ги повикува и сите носители на позитивен дух и енергија, спортисти и рекреативци, да дојдат во Охрид и да бидат дел од креирањето на концептот за градење општество на здрави генерации и среќни поколенија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк