29.05.2019

Агенцијата за цивилно воздухопловство го донесе Правилникот за екипаж на воздухоплов кој е објавен во Службен весник на РСМ 87/19. Со правилникот се предвидува премин од JAR-FCL дозволи за летачкиот персонал во PART-FCL дозволи согласно најновите ЕУ прописи.

Правилникот има одложена примена од 01 октомври 2020 година, со цел подготовка на Агенцијата и персоналот во воздухопловството кои имаат статус на екипаж на воздухоплов, а замената на дозволите на летачкиот персонал ќе се врши најдоцна до 01 октомври 2021 година.

Правилникот може да се најде во рубрката “Регулатива” на следниот ЛИНК.