15.07.2019

 

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство организираше Семинар за обновување на знаењата за инструктор за летање, во согласност со релевантната JAR FCL европска воздухопловна регулатива. Семинарот беше организиран во соработка со Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Семинарот се одржа за потребите на инструкторите и егземинерите за спортско и школско летање во нашите аероклубови, односно за продолжување на нивните инструкторски дозволи.

На дводневниот семинар учество зедоа 20 инструктори за спортско летање од неколку аероклубови, организации и институции во државата. Одржувањето на овој семинар е дел од стратешката определба на АЦВ за создавање услови за непречен развој, популаризација и омасовување на воздухопловните активности на македонското небо. На тој начин АЦВ уште еднаш ја потврди својата детерминираност да го помага и поддржува развојот на спортското и школското летање во нашата држава, како основа за создавање на стручен, професионален и активен летачки персонал.