АЦВ со поддршка за Меѓународниот Олимписки пливачки маратон “Охридски бисери 2008”
14.08.2019
Агенцијата за цивилно воздухопловство, како институција со сериозна општествено развојна свест останува доследна на градењето концепт кој поттикнува здрави животни навики и развој на спортскиот дух кај сегашните и идните генерации.
За таа цел, Агенцијата викендов го поддржа одржувањето на манифестацијата од јавен интерес од областа на спортот-Меѓународен Олимписки пливачки маратон “Охридски бисери 2008”, кој се одржа во Охридското Езеро.
Со силна позитивна енергија и квалитетни пливачки вештини, 20 тина натпреварувачи од земјава и пошироко, се вклучија во трките на 2,5, 5 и 10 километри, во машка и женска конкуренција. Победниците во трите категории, беа наградени со парични средства.
Агенцијата за цивилно воздухополвство и на оваа манифестација, беше присутна со свој штанд, на кој посетителите, но и учесниците во трките, имаа можност да бидат дел од промотивните активности на институцијата.
Во знак на благодарност за поддршката која како институција му ја даде на овој интернационален спортски настан, Клубот на спортови на вода “Охридски бисери 2008” на АЦВ и врачи “Почесно признание за особен придонес во развојот и унапредувањето на пливачкиот спорт во Охрид”.
Во духот на современите европски движења кои значат, високо интегрирана свест за развој на организираниот спортски туризам во земјава, АЦВ, и во иднина, ќе продолжи да работи на зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот, со една единствена цел, градење стабилно општество на мотивирана, здрава и еколошки ориентирана популација.
Промотивните активности на АЦВ, пред македонската јавност на значајни спортски настани низ земјава е во рамките на чествувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), јубилеен роденден, каков што заслужува меѓународната организација(ICAO), чија членка е земјава веќе 25 години.
Одбележувањето на јубилејот, вработени од АЦВ, во изминатиов период, го искористија на присутни гости и учесници на спортско рекреативните хепенинзи и натпревари во разни спортски дисциплини, да им поделат промотивни материјали “75 години ICAO” и да споделат со нив информации од делокругот на своето работење.
Во тој контекст, АЦВ, беа реализирани серија од промотивни и креативни активности на спортски настани како што се Мај Флај во Скопје, “Охрид Трчат”, спроведе и ликовен конкурс за децата од основните училишта во земјава на тема “Воздухопловни летала на иднината” и сега имаше чест да присуствува на интернационалниот маратон на 10 км “Охридски бисери 2008”.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк