17.09.2019

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕUROCONTROL) продолжува да ја дава својата поддршка на сите чинители на македонското цивилно воздухопловство, насочени кон унифицирање на системот за управување на Европскиот воздушен сообраќај, во интерес на севкупната Европска мрежа за навигација.

За таа цел, деновиве, во Агенцијата за цивилно воздухопловство, беше реализирана работна средба на преставници на EUROCONTROL, АЦВ и М НАВ,  на која се разговараше за планирање на ресурсите со кои располагаат надлежните институции, а беа дефинирани и планираните активности на проектните раководители.

Дводневните средби меѓу претставниците на АЦВ и  М-НАВ од една страна и  EUROCONTROL од друга, поминаа во ефикасна и плодна дискусија, насочена кон размена на продуктивни, предлози, идеи и решенија за квалитетна и ефикасна реализација на проектот.