18.09.2019

Агенцијата за цивилно воздухопловство е добитник на грант за реализација на Twinning Light проектот „Поддршка за учество на Република Северна Македонија во Европската заедничка воздухопловна област“. Twinning Light е инструмент на Европската унија со помош на кој се врши размена на експертиза во областа на јавниот сектор помеѓу земјите-членки на ЕУ и земјите кориснички, со цел да се постигнат конкретни задолжителни оперативни резултати.

Главната цел на проектот е да се обезбеди одржлив развој на македонското цивилно воздухопловство во согласност со меѓународните стандарди и законодавството на ЕУ во областа на воздухопловството.

Проектот опфаќа активности во областа на  пловидбеност, лиценцирање, летечки операции и аеродроми, кои се распределени во следниве три компоненти:

– Усогласување на националната регулаторната рамка со законските прописи на ИКАО и ЕУ

– Зајакнување на оперативниот капацитет на Агенцијата за цивилно воздухопловство за спроведување на законските прописи на ЕУ  преку изработка на работни процедури и упатства

– Подобрување на техничкиот капацитет на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство во согласност со безбедносните услови на ИКАО и ЕУ

Имплементацијата на проектот се очекува да започне во ноември оваа година.