Делегација на АЦВ присутна на 40-тото годишно Собрание на ICAO во Монтреал
25.09.2019
На 24 септември во Монтреал, Канада, започна со работа 40-то годишно Собрание на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ICAO (International Civil Aviation Organization). Како специјализирана агенција на Организацијата на обединетите нации (ООН), ICAO ги востановува стандардите, препораките, принципите и техниките во меѓународниот воздушен сообраќај и транспорт, со цел да обезбеди уреден, ефикасен, унифициран и безбеден развој на воздухопловството на глобално ниво. Формирана е со Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашка конвенција), потпишана од страна на 52 држави на 7 декември 1944 год. во Чикаго, САД.
Денес во ICAO членуваат 193 држави, што ја прави една од најголемите, највлијателните и најзначајните меѓународни организации во светот. Седиштето на ICAO се наоѓа во Монтреал, Канада. Нашата држава е полноправна членка на ICAO од нејзиното осамостојување, односно по приемот во ООН во 1993 год. Оваа година ICAO прославува значаен јубилеј – 75 години од своето постоење. Цели три четвртини од изминатиот еден век ICAO претставува темел на сите процеси, проекти и активности од областа на воздушниот сообраќај и транспорт на глобално ниво.
Собранието на ICАО е суверено тело на организацијата, се состанува најмалку еднаш на три години, а го свикува управниот орган на ICАО, Советот. Сите 193 држави – членки, како и голем број меѓународни организации се поканети на Собранието, на кое се утврдува глобалната политика на организацијата за претстојниот триениум.
За време на работните сесии на Собранието, детално ќе биде разгледана глобалната програма за работа на ICAO во областа на техничката, економската, правната и оперативната соработка. Резултатите од Собранието потоа ќе бидат дистрибуирани до другите тела на ICAO и до сите земји – членки, со цел да биде овозможена континуирана и непречена работа на организацијата, како што е пропишано во член 49 од Чикашката конвенција.
Секоја држава – членка има право на еден глас за одлучување по прашањата на Собранието, а одлуките на работните сесии се донесуваат со мнозинство гласови, освен ако не е поинаку предвидено со Конвенцијата.
Во работата на овогодинешното Собрание на ICAO учествува и трочлена делегација од Република Северна Македонија, составена од претставници од АЦВ и М-НАВ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк