Избрани победниците на ликовниот конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднината во организација на АЦВ и МОН
30.09.2019
Максим Кралев од Скопје со ликовната творба MAXOLET, е добитник на првата награда, на ликовниот конкурс на тема Воздухопловни летала на иднината, во првата категорија, во која право на учество, имаа ученици од 7 до 12 години.
На конкурсот во организација на АЦВ и МОН, во втората категорија, со ликовна творба во 2-Д или 3-Д, на која право на учество имаа ученици од 13 до 15 години, прво наградена ученичка е Данче Манчевска од Струмица.
Ана Илиевска од Скопје со “Аеробус”, е второ, а Филип Илоски од Битола со авторската ликовна творба “Ѕвезден брод” е третонаграден во првата категорија.
Марија Арсовска од Велес е второ наградена, а Павел Милановски од Куманово е трето награден во втората категорија.
За изборот на најдобрите ликовни творби, одлучуваше посебна жири комисија, во чиј состав, партиципираа вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и преставник од Министерството за образование и наука.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 15 октомври во 12 часот во Домот на културата Кочо Рацин (Дом на Градежници), каде официјално ќе биде отворена и изложба на сите пристигнати ликовни творби на тема”Воздухопловни летала на иднината”.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на отворањето на изложбата, но и во третстојните три дена, колку што ќе трае истата, да ги погледнат изложените ликовни трудови, на младите креативци од земјава.
АЦВ ја користи оваа прилика, и да го изрази своето огромно задоволство од покажаниот интерес на учениците од основните училишта во земјава, да земат учество на конкурсот, и со тоа да го дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија за перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.
Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку организација на серија од настани и активности.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк