Доделени наградите на победниците на ликовниот конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднината во организација на АЦВ и МОН
15.10.2019
На пригодна свеченост и во присуство на голем број гости, денеска во Домот на културата Кочо Рацин (Дом на Градежници), Агенцијата за цивилно воздухопловство, им ги додели наградите на победниците на ликовниот конкурс на тема:Воздухопловни летала на иднината, во организација АЦВ и МОН.
Наградите и признанијата на најдобрите автори на ликовните дела, им ги врачи директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев.
Максим Кралев од Скопје со ликовната творба MAXOLET, е добитник на првата награда, на ликовниот конкурс на тема Воздухопловни летала на иднината, во првата категорија, во која право на учество, имаа ученици од 7 до 12 години.
На конкурсот во организација на АЦВ и МОН, во втората категорија, со ликовна творба во 2-Д или 3-Д, на која право на учество имаа ученици од 13 до 15 години, прво наградена ученичка е Данче Манчевска од Струмица.
Ана Илиевска од Скопје со “Аеробус”, е второ, а Филип Илиевски од Битола со авторската ликовна творба “Ѕвезден брод” е третонаграден во првата категорија.
Марија Арсовска од Велес е второ наградена, а Павел Милановски од Куманово е трето награден во втората категорија.
За изборот на најдобрите ликовни творби, одлучуваше посебна жири комисија, во чиј состав, партиципираа вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и преставник од Министерството за образование и наука.
Обраќајќи им се на присутнте на свеченоста, директорот на АЦВ, Тунтев, го изрази своето огромно задоволство од покажаниот интерес на учениците од основните училишта во земјава да земат учество на конкурсот, и со тоа да го дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија за перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.
Тој уште еднаш потсети дека, повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку организација на серија од настани и активности.
Покрај наградите за победниците, на денешниот настан на сите учесниците им поделени книги од авторот Ѓорѓи Чачкиров, насловени како “Со малку труд многу радости”и ”Како летаат авионите.”
По чинот на доделување награди, официјално беше отворена и изложба, на сите пристигнати ликовни творби на конкурсот, изработени од ученици во основните училишта во земјава, кои се натпреваруваа во две категории.Изложбата во Културниот дом Кочо Рацин ќе биде отворена три дена.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата, и да ги погледнат изложените ликовни трудови, на младите креативци од земјава.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк