АЦВ го одбележа 7 Декември, Меѓународниот ден на цивилното воздухопловство
Агенцијата за цивилно воздухопловство со низа пригодни настани се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на цивилното воздухопловство, 7 Декември, како исклучително значаен датум за чествување на Јубилејот- 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ИКАО. Последна во низата активности беше подигнувањето на знамето на ИКАО на јарболот пред Министерството за транспорт и врски, со што уште еднаш симболично се покажа цврстата решеност на надлежните институции за доследна имплементација на меѓународните стандради, препораки и позитивни практики во областа на воздушниот сообраќај и транспорт.
ИКАО (ICAО – International Civil Aviation Organization) е Меѓународна организација за цивилново здухопловство –специјализирана агенција на Организацијата на обединетитенации (ООН). ИКАО ги востановува стандардите, препораките, принципите и техниките во меѓународниот воздушен сообраќај и транспорт, со цел да обезбеди уреден, ефикасен, унифициран и безбеден развој на воздухопловството на глобално ниво. Формирана е со Меѓународната конвенција за цивилново здухопловство (Чикашкаконвенција), потпишана од страна на 52 држави на 7 декември 1944 год. Во Чикаго, САД. Денес во ИКАO членуваат 193 држави, што ја прави една од најголемите, највлијателните и најзначајните меѓународни организации во светот. Македонија стана полно правна членка на ИКАО веднаш по осамостојувањето, односно по приемот во ООН во 1993 год.
Целта на глобалното одбележување на Меѓународниот ден на цивилното воздухопловство е да се подигне свеста за местото, улогата и значењето на меѓународната цивилна авијација ширум светот, во социјалниот и економскиот развој на земјите, како и за улогата на ИКАО во унапредувањето на безбедноста, ефикасноста и правилноста на меѓународниот воздушен транспорт.
Во тој дух и АЦВ, како дел од светското семејство на цивилни воздухопловни власти, останува доследна на принципите за афирмација на домашното цивилно воздухопловство, како брз, ефикасен, сигурен, безбеден и еколошки одржлив воздушен транспорт, цврсто поставен врз темелите на европските и глобалните стандарди и препораки.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк