Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Томислав Тунтев и директорот на Агенцијата за национална безбедност  д-р Виктор Димовски, потпишаа Меморандум за соработка, со кој ги дефинираа јасно поставените цели на двете институции, да работат на унапредување и подигнување на степенот на развој и соработка во сферата на безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај во земјава.

Потписниците на документот, едновремено, се обврзаа и дека, се заложуваат за обезбедување највисоки безбедносни стандарди на воздушниот сообраќај, ќе работат на зајакнување на регионалната и меѓународна соработка преку активно учество во меѓународните воздухопловни организации, но и ќе се грижат за спроведување на законските прописи и стандарди на ИКАО, ЕКАК, ЕУРОКОНТРОЛ и другите меѓународните институции.

Агенциите за цивилно воздухопловство и за национална безбедност, со Меморандумот за соработка, уште еднаш јасно ги дефинираа стратешките определби на двете институции за, учество и соработка при имплементацијата на мерките и активностите за контрола и квалитет на безбедноста во цивилното воздухопловство, согласно Националната програма, како и активно учество на потписниците во Националниот комитет за обезбедување во воздухопловството и работни тела за проценка на ризик (закана, веројатност, ранливост, еволуација, мерки) по безбедноста на цивилното воздухопловство.
Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување.