Заврши меѓународниот твининг проект „Поддршка за учество во ЕЗВО -Европската заедничка воздухопловна област“
На 31 јули 2021 година успешно заврши спроведувањето на твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, финансиран од страна на ЕУ. Проектот започна на крајот од 2019 година, но поради ограничувањата кои се јавија како резултат на пандемијата со КОВИД-19, проектните активности два пати беа одложени. Хрватската агенција за цивилно воздухопловство (ХАЦВ) беше задолжена за спроведување на проектот, додека Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија (АЦВ СМ) беше твининг партнер и корисник на проектот.
Во текот на јуни и јули 2021 година, последните две активности на проектот се одржаа во Република Хрватска. Една од нив беше обука на работно место за десетина вработени од АЦВ СМ во областа на лиценцирање, пловидбеност, летечки операции и аеродроми, додека другата активност се состоеше од студиска посета на неколку вработени од АЦВ СМ, на кои им беше дадена можност да стекнат подлабоки познавања на процесите на ХАЦВ преку состаноци со колегите од ХАЦВ. Воедно, двете страни исто така можеа да разменат информации и експертиза во областите на заеднички интерес, притоа зацврстувајќи го капацитетот на АЦВ СМ за ефикасно вршење на своите задачи.
Треба да се напомене дека главната цел на твининг лајт проектот беше да се обезбеди поддршка на одржливиот развој на цивилното воздухопловство во Република Северна Македонија, во согласност со меѓународните стандарди и acquis communautaire од областа на воздухопловството. Конкретната цел на проектот беше да се зајакнат меѓународните воздухопловни стандарди во Република Северна Македонија преку приближување на законодавството и подобрување на институционалниот капацитет и техничките компетенции на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, во согласност со acquis од областа на воздухопловството и политиките на ЕУ за создавање заедничка воздухопловна област.
Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во август 2019 година објави дека ХАЦВ е избрана за твининг партнер за твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО- Европска заедничка воздухопловна област“ во вредност од 250 000 евра. Оваа одлука е резултат на меѓународен тендер и евалуација на предлозите доставени од страна на неколку цивилни воздухопловни власти на земји членки на ЕУ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |