На скопскиот аеродром промовирана новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје
Со пристигнување на првиот лет од аеродромот Пулково на Меѓународниот аеродром Скопје денеска и официјално беше воспоставена директната авиолинија Санкт Петербург – Скопје.
Авиолинијата на која ќе сообраќа руската компанија „Нордвинд“ е предвидено да се реализира секој вторник, со време на пристигнување во 13:35 часот и време на заминување во 14:40. Времетраењето на летот е три часа и 25 минути.
Овој распоред, како што најавија од Нордвинг, ќе важи до крајот на октомври, кога завршува летната сезона, а од 2 ноември годинава пристигнувањето на Скопскиот аеродром ќе биде 15:45, додека времето на заминување кон Пулково во 16:45.
-Оваа воздушна конекција од Скопје до Санкт Петербург се воспоставува првпат во историјата на македонските аеродроми. Веруваме дека македонските патници ќе ја искористат можноста да го откријат историското и културното наследство на ова прекрасно пристаниште на Балтичкото Море, поранешна царска престолнина на Русија опишана во руската литература. Во исто време, граѓаните на Санкт Петербурк за само три часа и 25 минути ќе можат да уживаат во убавините на Северна Македонија и соседните држави, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.
Директорот за приходи во Нордвинг ерлаинс, Ибрахим Јилдиз, пак нагласи дека, ова е втора директна линија по воспоставувањето на авио врската Скопје – Москва во јуни годинава.
-Почнуваме со летот секој вторник или по еден лет неделно, со многу комфорен распоред. Како една од водечките авиокомпании во Русија со осум милиони патници годишно и флота од 60 воздухоплови, им нудиме на патниците не само можност за истражување на неверојатната историја, архитектура природа и поставки, туку и на многу други атракции на Санкт Петербург, напомена Јилдиз.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го поздрави воспоставувањето на првата директна авиолинија до Санкт Петербург, изразувајќи верување дека ќе има голем потенцијал и дека ќе биде од огромна корист, како што рече, и за нашите, но и за граѓаните на Руската Федерација поради можноста за зголемување на бизнис релациите, туристичките посети и унапредувањето на пријателските односи меѓу двете земји.
Бочварски, меѓудругото потенцираше и дека, земјава бележи позитивен тренд на бројките во авиосообраќајот за разлика од лани кога имаше рестрикции на летовите поради корона кризата. Во овој период, нагласи Бочварски, приоритет е обнова и зголемување на бројот на линиите. -Во периодот јануари – август 2021 година во однос на истиот период во 2020 година имаме тренд на зголемување од 48 проценти на летови на двата аеродроми во земјава, од кои на скопскиот зголемувањето е 51, а на охридскиот 17,4 проценти.
На промоцијата на новата авиолинија на релација Санкт Петербург-Скопје, присуствуваше и директорот на АЦВ, д -р Томислав Тунтев.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 |