Македонските воздухопловни власти ќе учествуваат на онлајн Конференција во организација на ICAO посветена на COVID – 19
Висока делегација од нашата земја предводена од министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Томислав Тунтев, придружувани од своите тимови на експерти, од 12 до 22 октомври 2021 година ќе земат учество на онлајн Конференцијата на високо ниво посветена на COVID – 19, организирана од страна на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во Монтреал, Канада.
Тема на Конференцијата e „Заедничка визија за обнова, издржливост и одржливост на воздухопловството по глобалната пандемија“ и има за цел постигнување на глобален консензус за безбедно и ефикасно закрепнување на воздухопловството од кризата предизвикана од COVID – 19, градење на основа за негово зајакнување, како и преземање на мерки овој сектор во иднина да стане поодржлив. Конференцијата ќе се осврне на повеќе прашања, а посебно на оние кои се однесуваат на целите поврзани со безбедноста и олеснувањето во цивилното воздухопловство, притоа земајќи го во предвид економското влијание на COVID – 19 врз воздухопловниот сектор.
За таа цел, на Конференцијата ќе се разгледаат и промовираат заедничките напори за усогласување на мерките и стратегиите кои се насочени кон управување со ризикот, преку имплементација на препораките за обнова на воздухопловството (CART).
На Конференцијата се планира да се усвои Декларација на министрите со која ќе се утврдат заложбите на државите за преземање на ефективни мерки за да се спречи ширењето на COVID – 19 вирусот и други заразни болести по пат на воздушниот транспорт, воспоставување на стратегии за управување со ризиците во меѓународното цивилно воздухопловство, преземање на мерки за олеснување на транспортот на вакцините, заемна оперативност и признавање на различните дигитални апликации, валидација на тестирањата и сертификатите за вакцинција или прележување на вирусот, хармонизирање, односно отстранување на мерките поврзани со карантин, меѓусебно признавање на вакцините и слично.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк