Усогласено законодавство со прописите на ЕУ во областа на воздухопловството и унапредени оперативни и технички капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија
Загреб, 25 октомври 2021 год
Успешното завршување на твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, финансиран од страна на ЕУ, заеднички спроведен од страна на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија како твининг партнер и корисник, денеска беше заокружено со завршна пригодна онлајн конференција.
На свеченоста присуствуваа високи претставници на ЕУ, претставници на цивилните воздухопловни власти и воздухопловната индустрија на Хрватска и Северна Македонија.
Целта на проектот беше да се поддржи развојот на цивилното воздухопловство во Република Северна Македонија во согласност со меѓународните стандарди и acquis на ЕУ во областа на воздухопловството. И покрај предизвиците предизвикани во текот на проектот од пандемијата на вирусот КОВИД-19, и двата партнера изразија голема посветеност и флексибилност во прилагодувањето на „новата реалност“. Резултат на тоа беше успешното спроведување на проектот и постигнувањето на сите планирани цели и резултати.
Во своето обраќање пред присутните, г-ѓа Мануела Манолис, во името на г.Стефен Худолин, шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија ја нагласи важноста на меѓусебната соработка помеѓу ЕУ и Северна Македонија во однос на продлабочување на интеграциските процеси и олеснувањето на приближувањето на регулаторните и оперативните рамки во областа на воздухопловството.
Вонредната и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. г-ѓа Нивес Тигањ изјави дека овој успешно спроведен проект претставува афирмација на професионалните способности на Република Хрватска за постојана поддршка на напорите на земјата корисничка на европскиот пат.
Во својот поздравен говор, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, Томислав Тунтев изрази голема благодарност на Европската Унија и Хрватската агенција за цивилно воздухопловство, како двигатели на напредокот и одржливоста на македонското цивилно воздухопловство.
Водачот на проектот на земјата членка г. Златко Ширац и водачот на проектот на земјата корисничка г-ѓа Маја Васкова-Ќулавковска ги претставија постигнатите резултати во сите три компоненти:
- Усогласување на регулаторната рамка за примена на важечките стандарди во областа на летечки операции, пловидбеност, лиценцирање на персонал и аеродроми со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и acquis на ЕУ;
- Зајакнување на оперативниот капацитет на АЦВ за спроведување на Регулативите на ЕУ во областа на пловидбеност, лиценцирање на персоналот, летечки операции и аеродроми преку развој на соодветни работни процедури и упатства;
- Зајакнување на техничкиот капацитет на раководителите, инспекторите и административниот персонал со цел да се исполнат безбедносните услови на ИКАО и ЕУ.
Ќулавкова и Ширац меѓу другото ја истакнаа и важноста за зачувување на одржливоста на проектот, потврдувајќи ја организациската одговорност и на двата партнера, постигнатите резултати и придобивки да останат вградени во македонскиот систем за цивилно воздухопловство.
Твининг е инструмент на Европската Унија за институционална соработка помеѓу јавните администрации на земјите членки на ЕУ и земјите кориснички или партнерските земји.
Проектот започна на 1 ноември 2019 год. и траеше 8+3 месеци.
Проектот го финансираше Европската Унија. На Хрватската агенција за цивилно воздухопловство ѝ беа доделени 250 000 евра од фондовите на ЕУ за спроведувањето на твиниг лајт проектот во Република Северна Македонија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк