Средба на директорите на македонските и бугарските воздухопловни власти
На маргините на средбата на министрите за транспорт и врски, што се одржа во Скопје по повод реализирањето на промотивниот лет од Софија до Скопје, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, одржа работен состанок со својот бугарски колега, г-динот Христо Штерјонов.
На состанокот стана збор за неколку актуелни теми и активности што се од заеднички интерес, а што произлегуваат од Меморандумот за меѓусебна соработка, потпишан на 4-ти декември 2019 година. Една од нив е организирање и реализација на заеднички инспекциски надзори врз субјектите во авиоиндустријата од страна на воздухопловните инспектори во двете држави, во областа на безбедноста на воздушниот сообраќај на аеродромите, летачките операции, навигацијата и обезбедувањето. Исто така, се разговараше за учество на македонските експерти во вежбовни активности на бугарските воздухопловни власти од областа на SAR/Sec (Search and rescue и Security), односно беа разгледани можностите и условите за вклучување на претставници од АЦВ во вежбовните активности што наесен треба да се организираат од надлежните тела во Бугарија во областа на потрага и спасување на воздухоплови, како и во областа на обезбедувањето од дејствија на незаконско постапување во воздушниот сообраќај.
Тема на средбата беа и можностите за реализација на заеднички SAFA инспекции, односно надзор врз странските авиопревозници од страна на македонските и бугарските инспектори на аеродромите во двете држави, и размена на искуства во таа област, во согласност со правилата на EASA (EU Aviation Safety Agency).
На состанокот директорите ја договорија следната меѓусебна билатерална средба, што треба да се одржи во мај во Софија, со цел продолжување и унапредување на меѓусебната соработка во рамки на уште неколку конкретни дополнителни заеднички проекти и активности, во рамки на надлежностите на воздухопловните регулаторни тела.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк