Состанок на регионалниот Советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство
Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Црна Гора, на 10 и 11 мај, во Подгорица, се одржаа состаноци на работните групи и експертскиот тим на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC – Regional Aeronautical Search and Rescue Advisory Committee).
На состаноците присуствуваа претставници на RASARAC од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и земјата домаќин Црна Гора, специјалниот претставник на Eurocontrol за соработка со RASARAC, како и претставници на JRCC Ларнака, кипарскиот центар за пребарување и спасување и обука во оваа област.
На средбата беа отворени голем број теми како што се подобрување на меѓусебната соработка и поддршка на земјите членки, градење и развој на капацитети во областа на потрага и спасување на воздухоплови, подобрување на оперативната прекугранична соработка и соработка со организации како што се ICAO, Eurocontrol, COSPAS-SARSAT и поддршка за имплементација на ICAO стандарди, регулативи и процедури во оваа област. Исто така, беа донесени значајни заклучоци за понатамошната работа во рамките на овој комитет и воспоставување координација со други странски и меѓународни организации вклучени во областа на потрагата и спасувањето.
RASARAC е основан во 2016 година, а во неговата работа учествуваат 10 земји – Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и Чешка, како и организациите за цивилно воздухопловство, Eurocontrol и ICAO.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк