АЦВ со свој промотивен пулт присуствуваше на Skopje Air Fair во Градскиот парк
Тим од инспектори од Агенцијата цивилно воздухопловство, зема учество на вториот по ред, Воздухопловен академски и кариерен саем, Skopje Air Fair, кој во организација на невладината организација АВИКОН, се одржа во Градскиот парк во Скопје.
Целта на Саемот, беше промоција и популаризација на воздухопловните професии кај младата популација, кои на промотивните пултови на повеќето воздухопловни субјекти од земјава и странство, имаа можност интерактивно да се вклучат во спознавање на професиите, пилот, контролор на летање, воздухопловни инженери и техничари, инспектори за безбедност во авиосообраќајот, за лиценцирање на школски воздухопловни центри, и други видови воздухопловен персонал.
Стручниот воздухопловен кадар пак, неколку часа, се обидуваше да ја задоволи љубопитноста на големиот број млади посетители, кои сакаат да ги спознаат вештините и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор.
Како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, како да станат дел од едукативните центри за обука на пилоти, и воздухопловен технички кадар, кои се надлежностите на инспекторите во Агенцијата за цивилно воздухопловство, и многу други прашања и одговори, присутните можеа да добијат, на промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на саемот, годинава на својот промотивен пулт, делеше информативни флаери, и беше застапена преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и обезбедувањето во воздушниот сообраќај во земјава, за аеродромски услуги, за лиценцирање на воздухопловен персонал…
Покрај домашните воздухопловни институции, со свои штандови, на Саемот беа присутни и преставници на унгарската авиокомпанија WIZZAIR, со членови на пилотската кадет програма, како и високи гости од Воздухопловната Академија на Србија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк