АЦВ реализираше „Обука за стандардизација на испитувачи на лет“
Искусни предавачи од Агенцијата за цивилно воздухопловство, деновиве реализираа „Обука за стандардизација на испитувачи на лет“ (Flight Examiner Standardisation Course), во која беа вклучени испитувачи, носители на дозвола издадена од Агенцијата, како и лица кои спроведуваат испити и проверки на носители на дозволи, издадени од македонските цивилни воздухопловни власти.
Обуката присутните ја искористија за размена на искуства, но и за подигнување на личните и професионални вештини и знаења во сферата на стандардизацијата на испитувањата во лет.
Во согласност со Правилникот за екипаж на воздухоплов и стапувањето на сила и имплементација на европската регулатива за екипаж на воздухоплов од 2020 година Агенцијата, има обврска, да го стандардизира и унапреди процесот на проверки на носителите на дозволи за пилоти.
Обуки со слична содржина, Агенцијата планира да реализира еднаш годишно. Истите се во интерес на стандардизацијата и подигнувањето на квалитетот на испитувањата во лет, но имаат за цел и директно да влијаат врз подобрувањето на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството.
Агенцијата, продолжува и со реализација на активности и иницијативи, во насока на транспозиција и примена на европската регулатива, поддршка на воздухопловната индустрија, стандардизација, обуки, семинари, советувања и подобрување на ефективноста на постапките.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк