Потпишан Меморандумот за соработка на регионалните воздухопловни цивилни власти
Вчера во Белград беше потпишан Меморандум за соработка меѓу македонските, српските, црногорските, босанските, албанските и турските цивилни воздухопловни власти. На чинот на потпишувањето на меморандумот, покрај директорите на агенциите за цивилно воздухопловство од државите во регионот, присуствуваа и претседателот на Европската конференција за цивилно воздухопловство, и српскиот министер за транспорт. Основната цел на меморандумот е продлабочување на меѓусебната соработка меѓу воздухопловните регулаторни тела во регионот, олеснување во примената на меѓународната воздухопловна регулатива за сите субјекти во авиоиндустријата во државите во регионот и заеднички настап пред меѓународните воздухопловни организации и здруженија.
Меморандумот се однесува на следните конкретни активности: меѓусебно признавање и препознавање на пилотските дозволи, дозволите на авиомеханичарите, техничкиот персонал, контролорите на летање и лекарските уверенија за воздухопловниот персонал; спроведување на заеднички инспекции, стручни обуки и практични вежби за воздухопловните инспектори; формирање на регионално здружение на воздухопловни експерти; организирање на регионални тематски стручни форуми и семинари во соработка со субјектите од авиоиндустријата; размена на искуства и позитивни практики од областа на оперирањето на воздухопловите без екипаж, и сл. Сите зеднички проекти и активности ќе бидат во целосна согласност со меѓународните стандарди и препораки од областа на цивилното воздухопловство, односно со воздухопловната регулатива на ЕУ. На тој начин се создаваат реални услови и можности за побрз, поинтензивен и поефикасен развој на цивилното воздухопловство во Југоисточна Европа, како составен и нераскинлив дел од Единственото Европско Небо (Single European Sky – SES).
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк