Работен состанок во рамките на проектот Поддршка на државите на EUROCONTROL
На 26 јануари 2023 година во Скопје се одржа работен состанок помеѓу експерти од Агенцијата за цивилно воздухопловство и М-НАВ со претставници од тимот за Поддршка на државите во рамките на Директоратот за Европско зелено небо на EUROCONTROL (EGSD), со цел да се разгледа спроведувањето во 2022 година во Република Северна Македонија на активностите за Поддршка на државите, како и со цел да се дефинираат aктивностите за поддршка за периодот од 2023-25.
На самиот почеток од состанокот, г. Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство ги поздрави претставниците од EUROCONTROL, истакнувајќи го значењето што континуираната соработка, која се одвива во рамките на програмата на EUROCONTROL за Поддршка на државите, го има за нашата земја, а посебно за регулаторот и М-НАВ како давател на услуги на воздухопловна навигација. Во минатите години, во рамките на овој проект се реализираа важни активности што резултираше со зголемување на капацитетите на АЦВ и М-НАВ за имплементација на барањата кои произлегуваат од Заедничкото европско небо.
На состанокот, претставниците на EUROCONTROL го презентираа новиот 2023 Каталог на услуги и продукти на EUROCONTROL кој претставува заеднички производ на EGSD и NMD, и кој треба да им помогне на националните учесници во ATM попрецизно да ги формулираат барањата за поддршка во рамките на проектот Поддршка на државите согласно понудата на EUROCONTROL.
На состанокот беше договорено да се затворат три работни активности (PBN, GAPPRE и ADQ/e-TOD), кои се реализираа преку поддршката во 2022 година, или пак со упатување на работа во EUROCONTROL (secondment).
Исто така, како дел од агендата, се разговараше и за потребите за поддршка за периодот од 2023-25 и бараните активности се дефинираа во новиот Анекс за Заеднички финансирани услуги (JFS) кон посебниот договор склучен со EUROCONTROL. Поддршката која ќе се дава во наредниот период главно ќе се фокусира на поддршка за имплементација на Регулативата 2017/373 на ЕУ и подготовка на М-НАВ да добие уверение за работа според тие услови најдоцна до март 2024 година.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк