АЦВ и Министерство за образование и наука на РСМ распишуваат Ликовен конкурс

Тема – 100 години македонско воздухопловство-

,,Сонувам како со воздухоплов летам, во чиста животна средина да слетам        

100 години луѓето земаат учество во летањето, дали е тоа авион, хеликоптер, балон, змај или палаглајдер во воздухот, секогаш претставува воодушевување кај оние на земјата кога ќе погледнат кон небото.

  1. Ликовна творба за деца на возраст од 7 до 9 години.

Ликовна творба – Пријателски свет со спортски воздушни летала. Замисли дека ти и твоите другарчиња сте пилоти и летате со разни спортски воздушни летала било тоа да се: параглајдери, балони, змајеви, спортски авиони… Размислете каде би летале, дали над некоја убава природа,  можеби река или езеро или над градот во кој живеете, и  замислете како ја гледате земјата од перспектива на пилот.

-Цртежите можат да бидат изработени во било која ликовна техника.

  1. Ликовна творба за деца на возраст од 10 до 12 години
  • Ликовна творба – летањето спасува живот. Една од многуте улоги за кои се користи воздухопловството и воздухопловните летала е спасувањето на животи. Денес воздухопловните летала можат да летаат и во рурални и недостапни локации кои се наоѓаат далеку од градовите за да спасат живот. Тие се користат за потрага на луѓето и животните во опасност, за гасење на пожари, достава на храна, облека и медицински средства. Искористи ја твојата имагинација, демонстрирај акција на спасување живот со воздухопловно летало.
  • Ликовните творби можат да бидат изработени во било која ликовна техника.
  1. Ликовна творба за деца на возраст од 13 до 15 години
  • Ликовна творба – минато и иднина која ќе го прикаже развојот на воздухопловството во периодот од 100 години. Дозволи и на твојата имагинација да лета низ времето. Првите авиони биле многу бавни, а денес летаат со брзина која е многу побрза. Балоните летале само над градовите, а денес можат да ја обиколат зелената планета. Играчките авиони за летање се претворија во дронови во сите облици и големини. Секоја генерација има своја имагинација, идеја и технологија, престави како било порано и како гo замислувате летањето во чиста животна средина.
  • Ликовните творби можат да бидат изработени во било која ликовна техника.

Ликовните творби кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат дисквалификувани.

На ликовните творби треба да стои шифра и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме на ученикот, датум на раѓање, училиште, општина и телефонски број за контакт).

Ликовните творби заедно со пликот со податоци за ученикот кој ја нацртал ликовната творба се доставуваат во затворен плик со следната ознака „За ликовен конкурс на тема -100 години македонско воздухопловство,,Сонувам како со воздухоплов летам, во чиста животна средина да слетами треба да бидат испратени најдоцна до 1 мај 2023 година до Агенцијата за цивилно воздухопловство на следнава адреса: ул. „Даме Груев“ бр.1, 1000 Скопје.

НАПОМЕНА: САМО ЗА НАГРАДЕНИТЕ ТВОРБИ ОД ТРИТЕ КАТЕГОРИИ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ПОСЕБНИТЕ ВНАТРЕШНИ ПЛИКОВИ ВО КОИ ЌЕ БИДАТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА УЧЕНИКОТ.

За најдобрите ликовни творби, предвидени се награди, по три за секоја категорија и тоа:

  1. Дрон
  2. Таблет
  3. Smart watch

За изборот на најдобрите ликовни творби, ќе одлучува посебна жири комисија, во чиј состав, ќе учествуваат 5 лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство и 1 стручно лице од Министерството за образование и наука.

Агенција за цивилно воздухопловство