Потпишана уште една меѓународна спогодба за соработка во цивилното воздухопловство
Вчера во Тирана беше потпишана билатерална спогодба за соработка во сферата на цивилното воздухопловство помеѓу македонските и албанските воздухопловни власти. Спогодбата конкретно се однесува на надзорот над услугите во воздушниот сообраќај што се обезбедуваат во делот на воздушниот простор над Охридското Езеро, каде што таквите услуги се меѓусебно делегирани и обезбедени од страна на двете држави.
Основата за потпишувањето на оваа билатерална спогодба помеѓу двете агенции за цивилно воздухопловство е Спогодбата за делегирање на услугите во воздушниот сообраќај помеѓу двете држави, потпишана од страна на македонската и албанската влада во ноември минатата година. Со таа спогодба, албанската држава се обврза да и’ делегира надлежност на македонската држава за одвивањето на воздушниот сообраќај над Охридското Езеро, во врска со полетувањето и слетувањето на воздухопловите на охридскиот аеродром што го користат албанскиот воздушен простор.
Спогодбата за соработка во врска со надзорот над услугите во воздушниот сообраќај обезбедени во делот на воздушниот простор на државата која делегира над Охридското Езеро, ќе овозможи трансфер на надлежностите од албанската врз македонската воздухопловна цивилна власт, во врска со надзорот над услугите за управување и контрола на воздушниот сообраќај над Охридското Езеро. Тоа практично значи дека АЦВ ќе ги извршува сите потребни активности што се поврзани со безбедното одвивање на воздушниот сообраќај над Охридското Езеро, односно постојан надзор врз навигациските услуги за управување и контрола на воздушниот сообраќај во тој дел од воздушниот простор над двете држави. Со потпишувањето на оваа спогодба се нагласува важноста на меѓусебната соработка поврзана со надзорот врз М-НАВ АД Скопје, како давател на услуги на воздухопловна навигација во споменатиот воздушен простор над териториите од двете држави, со цел да се подобри безбедноста на воздушниот сообраќај што се одвива на и во околината на Аеродром Охрид.
Во име на македонската и албанската цивилна воздухопловна власт, спогодбата ја потпишаа директорите д-р Томислав Тунтев и Максим Етемај. На средбата во Тирана уште еднаш беше потврдено големото значење на меѓусебната меѓународна регионална сорабатка во сферата на цивилното воздухопловство за унапредување на безбедноста во воздушниот сообраќај.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк