16-ти состанок на експертскиот тим на RASARAC
Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 25 ти и 26 април, во Скопје, одржа состанок на Работните групи и Експертскиот тим на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство – RASARAC.
На состанокот присуствуваа 40 тина домашни и странски гости, преставници на RASARAC од Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, како и стручни гости од EUROCONTROL за соработка со RASARAC, JAA во однос на обуките, како и од националните единици од Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, М-НАВ. – Давател на услуги во воздухопловната навигација, Центар за управување со кризи, ТАВ Македонија, Дирекција за заштита и спасување, Црвен крст на РМ, Воздухопловна федерација на Македонија одговорни за активностите поврзани со потрага и спасување во цивилното воздухопловство.
Темите на дискусија на состанокот беа посветени на унапредување на меѓусебната соработка и поддршка на земјите-членки, подобрување на оперативната меѓугранична и соработка со меѓународни организации ICAO, EUROCONTROL, COSPAS-SARSAT, JAA TO, градење и развој на капацитети за потрагата и спасување на воздухоплови во опасност, имплементација на стандардите, прописите и процедурите на ICAO од областа на потрага и спасување.
АЦВ претседателството со RASARAC го презеде во февруари 2023 година и планира да организира уште најмалку еден состанок на Експертскиот тим и Управниот одбор на RASARAC до крајот на годинава.
RASARAC е основан во 2016 година и до денес во неговата работа учествуваа 10 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска, Чешка и Унгарија).
Формирањето на овој Комитет беше поддржано од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) и од EUROCONTROL.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк