Семинар за инструктори на лет во организација на АЦВ
Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 10 ти и 11 мај, 2023 година, организираше Семинар за инструктори на лет (инструктори пилоти). Семинарот беше реализиран заедно со TAIEX работилницата за подобрување на стандардите за вршење на обуки во областа на цивилното воздухопловство.
Во согласно со европските пракси и регулторни барања со Правилникот за екипаж на воздухоплов („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.228/2020) Aнекс 1, Пододдел S за инструкторите на лет, како и AMC2 ARA.GEN.200(a)(2) за квалификации и обука на Инспекторите кои вршат обуки и надзор за инструктори и испитувачи, Агенцијата ја презеде иницијативата за организирање на овој семинар во соработка со воздухопловната индустрија.
Основните цели на на семинарот беа во насока на подигнување на нивото на обуки и работа кои ги спроведуваат инструкторите на лет, подобрување и унапредување на нивните лични вештини и знаења, размена на искуства и справување со предизвици за обуките и соодветните постапки, како и усогласеност и подобрување на барањата на регулативата на организациите, инструкторите, испитувачите и Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Сите овие компонентни имаат значајно влијание врз подобрувањето на постапката на обука на пилотите и директно влијание врз подобрувањето на условите и безбедноста во летањето и воздушниот сообраќај.
Покрај работилницата, два дена беа посветени на инструкторите на лет и соодветните специфични специјализирани теми од областа на обуки на летачки персонал – пилоти. Излагачи и инструктори на обуката/семинарот беа одговорни стручни лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство, обучени лица со овластување инструктори и/или испитувачи, како и стручни лица од поедини области од индустријата.
Агенцијата за цивилно воздухопловство планира и во иднина да реализира вакви и слични иницијативи, кои имаат за цел, апсолвирање на значајни теми во сферата на индустријата за обука на летачки персонал.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк