Средба меѓу преставници на АЦВ и Администрацијата за обезбедување во транспортот на САД
На 13 и 14 Јуни, во просториите на Агенцијата, се одржа билатерална, пријателска средба помеѓу претставници на Департментот за национална безбедност на САД, Администрацијата за обезбедување во транспортот на САД и Агенцијата за цивилно воздухопловство. Целта на оваа работна средба беше во насока на продлабочување на соработката и размена на искуствата од областа на обезбедувањето во цивилното воздухопловство.
Тема на разговор беше и проектот ‘Balkan Spirit 2’ на Администрацијата за обезбедување во танспортот на САД, кој има за цел размена на искуства преку организирање на работилници и обуки за земјите од западен балкан во насока на подобрување на мерките за обезбедувањето во цивилното воздухопловство на глобално ниво.
Со оваа дводневна средба се продлабочи соработката помеѓу овие тела, преку реализација на конкретни заеднички активности и проекти што е од големо значење за меѓусебната меѓународна, како и регионална соработка во оваа област на цивилното воздухопловство како би се постигнало унапредување на мерките за обезбедување во воздушниот сообраќај и подигање на условите за работа на повисоко ниво.
Ова е прва од многуте средби кои во духот на добрата соработка се очекува да бидат одржани во рамките на идните планови и проекти
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк