Сертифициран е првиот оператор со воздухоплови без екипаж во Македонија. АЦВ го издаде првото Уверение за работа со воздухоплови без екипаж за извршување комерцијални операции и операции за сопствени потреби на правното лице ‘’Дронбузз Аериал Цервис“ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Ленинова број 79/1 во Скопје. Операторот, согласно уверението е овластен за извршување на следниве видови операци:

  1. Прецизно земјоделство
  2. Набљудување на инфраструктура и локации
  3. Прогресија на градилиште
  4. Инспекции
  5. Фотограметрија, Фотографија и Видеографија
  6. Мониторинг на животната средина
  7. Пребарување и спасување
  8. Археолошки и научни истражувања
  9. Безбедност и надзор
  10. Против пожарни активности

Сертифициран е првиот тренинг центар за обука на пилоти на воздухоплови без екипаж во Македонија. АЦВ го издаде првото Уверение за вршење обука на пилоти на воздухоплови без екипаж чија што максимална тежина на полетување не надминува 25 кг. на правното лице ‘’Дронбузз Аериал Цервис“ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Ленинова број 79/1 во Скопје. Практичната обука ќе се извршува на спортскиот аеродром Стенковец. Тренинг центарот е овластен за извршување на следните обуки:

Курсеви за обука Воздухоплови без екипаж кои ќе се користат за обука
Дозвола за пилот на воздухоплов без екипаж со максимална тежина на полетување до 25 килограми – Теоретско оспособување (во училница и учење од далечина) и практична обука. PRODUCER/ MODEL REGISTRATION MARKS TECHNICAL SPECS
YUNEEC

TYPHOON H

Z3-UNR-0331; Z3-UNR-0333 Weight 1,9 kg; Flight time 25 min

Max speed 70 Kph; Max Range1,6Km.

DJI MAVIC PRO Platinum (TRAINER) Z3-UNR-0332; Z3-UNR-0330 Weight 0,734 Kg; Flight time 27min.

Max speed 50 Kph; Max. Range 13Km.

Повеќе информации на: https://dronebuzz.mk/; email: info@dronebuzz.mk tel. +389 79 327 531