На Конференцијата на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство – RASARAC, која се одржа во

Скопје, преставници на земјите членки на RASARAC, го потпишаа Меморандумот за разбирање со ЈАА ТО – организација за спроведување стручни обуки во делот на потрагата и спасувањето во цивилното воздухопловство.

 

Поздравувајќи го потпишувањето на овој значаен документ, директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, во својот поздравен говор, потенцираше дека, споведувањето на операциите на SAR, стануваат сè покомплексни и ги вклучуваат националните и мултинационалните учесници, управувањето со воздушниот простор, операциите на аеродромите и сѐ повеќе нагласувајќи ја потребата од обука и решенија за градење на капацитети.

-Со олеснување на висококвалитетната обука за SAR и идните унапредувања на Стандардните оперативни процедури за SAR (SOP), помеѓу државите потписнички, ние одговараме на еволутивните потреби на воздухопловната индустрија, особено во доменот на SAR, каде што напорите за спасување животи при операции на SAR означуваат позитивен пример за мултилатерална координација во исклучителни ситуации. Во име на RASARAC, ја изразувам мојата благодарност до сите членки кои ги поддржаа фазите на изготвување, а сѐ со цел  овој Меморандум за соработка да го доживее својот успех.“, подвлече Тунтев.

 

https://www.caa.gov.mk/wp-content/uploads/2023/11/MoU-RASARAC.1-1.pdf