Одбележувањето на јубилејот 100 години македонско воздухопловство,  директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д – р Томислав Тунтев, го заокружи, со доделување Плакети на двајца врвни,  пилоти, за особен придонес во развојот и промоцијата на македонското воздухопловство во домашни и меѓународни рамки.

Заблагодарувајќи им се на Ѓорги Чачкиров и Кирил Каевски, директорот Тунтев, им порача дека, му преставува чест и задоволство што има можност лично да им ги врачи признанијата за придонесот кој го дале во градењето, развојот и афирмацијата на македонскиот воздухопловен систем, како темелна општествена вредност. Денеска рече Тунтев, 100 години од поставувањето на темелите на цивилната авијација, Македонија со гордост може да каже дека, располага со високо развиено и општествено одговорно, македонско цивилно воздухопловство со силно втемелени фунционални европски вредности.

 

Чачкиров и Каевски, изразија благодарност за признанието кое им го дава АЦВ, како дел од генерацијата на пилоти, кои следејќи ги своите претходници, коцка по коцка го сложувале мозаикот наречен македонска воздухопловна  историја.

Македонија, велат тие, е земја со богато авијациско искуство, кое, според нив, треба да преставува дополнителен поттик за идните генерации да станат дел од македонскиот воздухопловен тим, кои заедно со историски значајните личности кои ги поставиле темелите на македонското цивилно воздухопловство, да продолжат да го градат и развиваат истото, во согласност со новите и современи предизвици.