Тунтев избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, е избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ, Европската организација за навигација, управување и безбедност на воздушниот сообраќај. Изборот беше извршен на 60-тото редовно заседание на Привремениот Совет, што се одржа на 28 ноември во седиштето на ЕУРОКОНТРОЛ во Брисел. Неговата кандидатура беше предложена од страна на српскиот Директорат за цивилно воздухопловство, како резултат на одличната меѓусебна соработка на цивилните воздухопловни власти од државите во регионот.
Тунтев беше едногласно избран за Потпретседател на Привремениот Совет од страна на сите присутни шефови на делегации – претставници од државите – членки на ЕУРОКОНТРОЛ. На тој начин, директорот на АЦВ доби двегодишен мандат на оваа престижна раководна функција, во 2024-2025 год. да биде дел од највисокото раководство на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ.
Привремениот Совет го сочинуваат над 140 претставници од 41 држава – членка на ЕУРОКОНТРОЛ и неколку придружни меѓународни институции и здруженија. Тоа е најголемото раководно тело, одговорно за имплементација на генералните политики на организацијата што ги утврдува Постојаната Комисија на ЕУРОКОНТРОЛ, во која членуваат министрите за транспорт од државите – членки.
ЕУРОКОНТРОЛ е најзначајната пан-европска цивилно-воена меѓународна организација, посветена на развојот и унапредувањето на воздухопловството во Европа. Во ЕУРОКОНТРОЛ членуваат 41 држава од европскиот континент. Раководни тела се Привремениот Совет и Постојаната Комисија, а извршно тело е Агенцијата. Основана е во 1963 год. и оваа година го прослави големиот јубилеј – 60 години од нејзиното формирање. Македонија е членка на ЕУРОКОНТРОЛ од 1989 год.
Изборот на Тунтев значи големо меѓународно признание за воздухопловно-транспортниот систем на Република Северна Македонија и за сите субјекти на македонската авиоиндустрија. Исто така, неговиот избор има големо значење и за останатите држави од регионот, затоа што тој е единствениот претставник од земјите на Југоисточна Европа во највисокото раководство на ЕУРОКОНТРОЛ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк