Директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, заедно со стручниот тим од Секторот за аеродроми и навигација во АЦВ, денеска во Клубот на пратеници во Скопје на претставниците на воздухопловната индустрија, на Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Давателот на услуги на воздухопловна навигација, „М-НАВ“ АД Скопје, Комитетот за истрага на воздухопловни настани и сериозни инциденти, Воздухопловната федерација, како и на преставници од македонските аероклубови, свечено им ја додели изготвената Карта за визуели правила на летање (VFR) на Македонија.

 

Заблагодарувајќи им се на присутните за поддршката која ја дадоа при  изготвувањето на Картата, Тунтев, уште еднаш потесети дека, станува збор за прва катра од ваков вид, изготвена и објавена во Македонија, која има за цел да им го олесни летањето на корисниците на воздухопловните услуги во рамки на нискиот воздушен простор. Истата, додаде тој, претставува значителен напредок во подигнувањето на безбедноста на воздушниот сообраќај на македонското небо.

Реализација на проектот, траеше повеќе од 2 години. Во иднина, планирано е да се овозможи и ноќно летање со користење на визуелните правила, а во Зборникот на воздухопловни информации ќе бидат објавени сите релевантни информации во врска со VFR летањето на македонското небо и користењето на спортските аеродроми.