АЦВ домаќин на ТАИЕКС регионална работилница за права на патници
Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 13 до 15 мај, 2024 г. беше домаќин на ТАИЕКС регионална работилница за функциите на националните тела за спроведување на правата на патниците во воздушниот сообраќај. Целта на оваа работилница е обезбедување на детални познавања за функциите и одговорностите на Националните тела за спроведување за правата на патниците во воздушниот сообраќај.
Повеќе од дваесет учесници од земјите од регионот имаат можност да се запознаат со најдобрите практики за толкување и спроведување на Регулативите на ЕУ, кои се однесуваат на правата на патниците во воздухопловството. Преку запознавање со хрватското искуство во примената на оваа проблематика, претставено од страна на г-ѓа Ана Капетановиќ, директорка на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и експерт во областа на правата на патниците во воздушниот сообраќај, учесниците стекнуваат знаења за примената на одлуките на Европскиот суд на правдата, поврзани со правата на патниците во воздушниот сообраќај. Пред присутните свое обраќање имаше и г. Томислав Тунтев, директор на Македонската агенција за цивилно воздухопловство, кој ја истакна важноста за почитување на правата на патниците во воздушниот сообраќај.
Оваа работилница е организирана како резултат на успешната соработка помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и Европската Комисија и е финансирана преку инструментот ТАИЕКС, наменет за поддршка на јавната администрација за приближување, примена и спроведување на законодавството на ЕУ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк