мај 29, 2024
АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ, АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ЈАНУАРИ 2019 – МАЈ 2024
Во продолжение се наведени дел од проектите, активностите и достигнувањата на Агенцијата за цивилно воздухопловство што се реализирани во периодот од 09.01.2019 год. до 30.05.2024 год., надвор од редовните работни обврски и задачи во рамки на регулаторната и надзорната функција.
- Донесен е нов Закон за воздухопловство – новите законски одредби предвидуваат одредени легислативни промени и нови решенија, кои значат унапредување на условите за развој на воздухопловните активности, како на пример:
- овозможено е целосно транспонирање на новата регулатива на Европската Унија од областа на воздушниот сообраќај,
- надлежноста, активностите и организацијата околу трагање и спасување во воздухопловството преминуваат од АЦВ во ЦУК, за да се избегне конфликт на интереси во егзекутивата и надзорот врз тие активности на државно ниво,
- хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ – по повеќегодишна посебна интерна организација, регистрирање и одржување, сертификацијата на полициските хеликоптери повторно е во надлежност на АЦВ,
- предвиден е дополнителен начин на финансирање на АЦВ, односно се предвидува уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти, според бројот на заминати патници од аеродромите – се однесува на реализација на надзорните активности на АЦВ врз аеродромскиот оператор и превозниците, како субјекти на националната авиоиндустрија,
- предвидена е изработка и имплементација на Национален план за спречување на несакано излетување и неовластено влегување на воздухопловите (aircraft excursion and incursion) на маневарските површини на аеродромите.
- Воспоставена е непосредна, блиска и плодна континуирана соработка со сите субјекти и деловни партнери од македонската авиондустрија – Министерство за транспорт и врски, ТАВ Македонија, М-НАВ, КИНСИВ, претставниците од воздушните превозници што оперираат на македонските аеродроми, Воздухопловна федерација на Македонија, претставниците од македонските аероклубови, Дирекција за заштита и спасување, СОЗР – Служба за воздухопловни услуги, Центар за управување со кризи, Црвен крст, МВР – Хеликоптерска единица, МО – Хеликоптерска единица, МНР, АНБ, МФ – Царина;
- Воспоставена е непосредна, блиска и плодна соработка со цивилните воздухопловни власти на следните држави од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Романија и Турција;
- Воспоставена е непосредна, блиска и плодна соработка во сферата на стручната обука на воздухопловни кадри со цивилните воздухопловни власти на Франција, Јужна Кореја и Сингапур, како и со Администрацијата за обезбедување во транспортот на САД;
- Реализиран е голем број на заеднички инспекциски надзори во цивилното воздухопловство и SAFA инспекции во соработка со цивилните воздухопловни власти на Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Косово;
- Донесени се: Национална програма за безбедност во воздушниот сообраќај, Национален план за постапување во вонредни состојби предизикани од дејствија на незаконско постапување против безбедноста на цивилното воздухопловство, План за имплементација на навигација заснована на перформанси, Одлука за формирање на Национален комитет за безбедност во цивилното воздухопловство, како и повеќе од 70 подзаконски акти (правилници, уредби и оперативни директиви за безбедност) од областа на воздушниот сообраќај;
- Изработена и публикувана е, и ставена во оперативна употреба, Воздухопловна карта за визуелни правила на летање – VFR, во соработка со М-НАВ и претставници од сите домашни воздухопловни оператори;
- Издејствувани и детерминирани се меѓународни ИКАО ознаки на македонските спортски аеродроми, кои се меѓународно објавени;
- Извршена е промоција и популаризација на професионалниот ангажман, достигнувањата и активностите на жените пилоти;
- Реализирани се три годишни ликовни конкурси на теми од воздухопловството, со масовно учество на ученици од основно и средно образование, во соработка со МОН;
- Потпишани се билатерални меморандуми за меѓусебно разбирање и соработка со следните домашни правни субјекти: Министерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи, Агенција за национална безбедност, СУГС ЕМУЦ „8 Септември“;
- Потпишани се повеќе мултилатерални меморандуми за меѓусебно разбирање и соработка, како и регионални меѓународни спогодби:
- помеѓу JAA TO и државите членки на RASARAC,
- помеѓу цивилните воздухопловни власти на Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора, како дел од заедничките операции на RASARAC,
- помеѓу македонските, српските, црногорските, албанските, босанските и труските цивилни воздухопловни власти – за продлабочување на меѓусебната соработка во неколку конкретни области и проекти, за олеснувања во примената на меѓународната воздухопловна регулатива за сите субјекти на националните авиоиндустрии и за заеднички настап пред меѓународните воздухопловни организации и здруженија;
- Потпишани се билатерални меморандуми за меѓусебно разбирање и соработка, и меѓународни спогодби со Директоратот за цивилно воздухопловство на Турција и со Агенцијата за цивилно воздухопловство на Албанија;
- Организирани се и одржани три меѓународни конференции на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC) во организација на АЦВ, една во Охрид и две во Скопје, во рамки на нашето претседавање со RASARAC;
- Со голем број пригодни активности достојно е обележан големиот јубилеј – 100 години македонско воздухопловство: доделени се плакети на неколку пилоти, поранешни пилоти, воздухопловни ветерани, параглајдеристи и падобранци, за придонес во развојот на македонското воздухопловство и за негова промоција во меѓународни рамки;
- Со низа пригодни активности извршена е промоција на јубилејот 75 години ИКАО;
- Со низа пригодни активности, настани и промоции, одбележан е јубилејот 25 години македонски цивилни воздухопловни власти;
- Остварени се официјални средби на Директорот на АЦВ со следните претставници на меѓународни институции и здруженија: Генералниот секретар на ИКАО, Претседателот на Советот на ИКАО, Генералниот директор на ЕУРОКОНТРОЛ, Извршниот директор на ЕАСА, Директорот на ИКАО – ЕУР/НАТ, Претседателот на ЕКАК, Директорот на ГД за мобилност и транспорт на ЕУ, Директорот на Директоратот за воздушен сообраќај во ЕК, Директорот на ЈАА Центар за обука, Директорот на воздухопловната академија во Сингапур;
- Реализирани се повеќе од 100 официјални средби, деловни состаноци и работни контакти со државни функционери, амбасадори и други официјални функционери од домашни и меѓународни организации, институции, претставништва и здруженија;
- Реализирани се два многу значајни Twinning Light проекти со поддршка на ЕУ, со вкупна вредност од 750 илјади евра, во соработка со хрватските цивилни воздухопловни власти, за транспонирање и имплементација на воздухопловната регулатива на ЕУ во македонското национално законодавство;
- Реализирани се дузина TAIEX експертски мисии, работилници и проекти во соработка со ЕУ, на разни теми што се од суштинско значење за развојот на македонското воздухопловство, со кои се опфатени повеќе од 350 учесници – претставници од сите субјекти на македонската авиоиндустрија;
- Реализирани се неколку десетици развојни проекти и секондменти на наши вработени во соработка со ЕУРОКОНТРОЛ, во рамки на нивната глобална програма „Поддршка за државите членки“;
- Реализирани се 4 развојни проекти во соработка со ЕАСА (European Union Aviation Safety Agency), во рамки на нивната развојна програма за помош и поддршка на државите што не се членки на ЕУ, преку користење на ИПА фондовите;
- Успешно е пребродена сериозната здравствена, економска и финансиска криза што ја зафати АЦВ поради глобалната здравствена криза со КОВИД-19 и обезбедено е консолидирано, тековно, ликвидно и непречено работење и функционирање на агенцијата во тешки услови и со сериозни професионални предизвици;
- Реализирани се неколку семинари за стекнување и за обновување на стручните знаења и дозволите на воздухопловните инструктори и испитувачи за спортско летање, како и за авиомеханичари;
- Реализирани се неколку работилници, со учество на стручен кадар од сите сфери на воздухопловните активности, за промоција на безбедноста во воздушниот сообраќај;
- Во соработка со аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, реализирана е кампања за промоција на патничките права на скопскиот аеродром;
- Реализирани се вкупно 32 вработувања на нови кадри, од кои најголемиот дел се стручни и искусни експерти од конкретни области, за кои подолг временски период бил констатиран недостaток од такви кадри од страна на меѓународните оценски мисии;
- Вкупниот број на вработени во АЦВ, од 70, достигна бројка од 81;
- Вкупниот годишен финансиски буџет на АЦВ од околу 180 милиони денари (околу 3 милиони евра) е пораснат за 56%, и за 2024 год. изнесува околу 280 милиони денари (околу 4,6 милиони евра);
- Реализирани се повеќе од 1.000 стручни обуки за вработените во АЦВ;
- Извршена е сертификација на два АМЕ – домашни егземинери (испитувачи за проценка на здравствената способност на воздухопловниот персонал) за воздухопловна медицина во Скопје, покрај постоечките двајца во рамки на сертифицираниот Центар за воздухопловна медицина во Скопје – АМЦ;
- Извршена е сертификација на првиот домашен оператор и центар за обука за воздухоплови без екипаж (дронови);
- Удвоен е деловниот простор на агенцијата, со обезбедување на дополнителни работни простории и канцеларии во продолжение на деловниот објект, со што бројот на работни канцеларии за вработените во АЦВ од 16 порасна на 32. Во меѓувреме, донесена е владина одлука за доделување на трајно користење на уште 14 нови канцеларии, во продолжение на истиот деловен објект – на тој начин трајно ќе биде решено прашањето со деловен простор за АЦВ;
- Извршена е комплетна градежна енергетско – ефикасна реконструкција на деловните простории, набавени се нови грејни тела, извршена е замена на неонското осветлување со нови лед сијалици и извршена е санација на водоводниот и канализациониот систем;
- Дизајнирана и имплементирана е целосно нова службена интернет страница, со што на корисниците на услугите им е овозможен брз, лесен и сеопфатен електронски пристап кон информациите и услугите на АЦВ;
- Постигнати се стандардите за родова еднаквост (полова рамноправност) во АЦВ, од аспект на рамнправно учество на жените и мажите во работењето, раководењето, управувањето и одлучувањето во рамките на АЦВ;
- Директорот на АЦВ е избран за Потпретседател на Советот на ЕУРОКОНТРОЛ и за член на Координативниот Комитет на ЕКАК, со што за првпат во историјата на македонското воздухополовство е овозможено претставник од македонските воздухопловни власти да учествува во работата на највисоките раководни тела на овие две најважни меѓународни воздухопловни организации во Европа. Меѓународниот рејтинг на државата во овие две организации е евидентно пораснат во последните 5 години, што се должи на доследно, посветено и ефектно реализирање на сите преземени меѓународни обврски од страна на АЦВ, односно државата, како и на активната и плодна регионална меѓународна соработка;
- Со континуираниот циклус на самооценување, за одредување на вредноста на ефективна имплементација (ЕИ) на меѓународните стандарди и препораки на ИКАО во областа на безбедноста во воздушниот сообраќај во Македонија, во 2024 год. оваа вредност се движи околу 93% – 95%, што е есенцијален индикатор за значаен напредок на нашата држава во делот на ефективноста и развојот на безбедноста во цивилното воздухопловство во споредба со периодот од 2009 – 2018 година. Детерминираната вредност на ЕИ од страна на Оценските мисии на ИКАО во 2016 год. изнесувала 79,92%, а во 2009 год. изнесувала 53,63%.
- На билатералниот скрининг во ЕУ за Поглавјето 14 Транспортна политика, одржан во јуни 2023 год. во Брисел, констатиран е значаен напредок на сите сегменти и функционални елементи на македонскиот цивилен воздухопловен сектор. Имено, од страна на експертите од ЕУ изразено е задоволство од постигнатите резултати на државата во сферата на транспонирање и имплементација на европската воздухопловна регулатива, а воздушниот сообраќај е посочен како пример за целосно, ефикасно и успешно задоволување и исполнување на релевантните меѓународни воздухопловни стандарди и препораки;
- Во рамки на Оценската мисија на ЕК и Стандардизираната инспекција на ЕАСА во врска со ЕЗВО договорот на Република Северна Македонија со ЕУ, констатиран е огромен напредок на македонската воздухопловна индустрија, а посебно на АЦВ, во исполнувањето на стандардите и препораките на ЕАСА во последните 5-6 години, во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај. Имено, во декември 2018 год. во записникот за Стандардизираната сеопфатна инспекција на ЕАСА констатирани се вкупно 54 наоди за недостатоци, пропусти, недоречености и неусогласености, од кои 24 се однесуваа на АЦВ, и 30 на М-НАВ; до крајот на 2023 год. отстранети и анулирани се сите наоди што се однесуваа на АЦВ, и останати се само уште 3 корективни акции, чија реализација зависи од М-НАВ. Покрај тоа, во прелиминарниот извештај за извршената Оценска мисија на ЕК во врска реализацијата на првата фаза од ЕЗВО договорот, што беше извршена во февруари 2024 год., констатирано е дека државата, односно АЦВ, ги реализирала безмалку сите неопходни активности и преземени обврски за преоѓање во наредната развојна фаза од договорот. Постигнатите резултати претставуваат голем успех за македонската воздухопловна индустрија на патот кон ЕУ во областа на воздушниот сообраќај, потврден од меѓународната заедница.
Скопје, 29.05.2024 год.
д-р Томислав Тунтев
Директор на АЦВ
Архива
2024
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк