Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д- р Томислав Тунтев, денеска во Скопје, свечено им ги додели наградите на учениците од Средните училишта во земјава кои имаа најуспешни ликовни творби на Ликовниот конкурс во организација на АЦВ ,,Мојот совршен воздухоплов од иднината”.

Изразувајќи задоволство од покажаниот интерес на учениците од средните училишта во земјава да земат учество на конкурсот, и со тоа да го дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија, за  перспективите на македонското воздухопловство, Тунтев на младите ликовни таленти, им порача дека, посакува и очекува воздухопловството, покрај предизвик за ликовен израз, да им преставува сатисфакција за нивна идна професионална определба.

Тој меѓудругото најави дека, вакви и слични манифестации во организација на АЦВ, ќе продолжат и во иднина, со цел промоција на македонското цивилно воздухопловство и негова афирмација во домашни и меѓународни рамки.

На Конкурсот, првата награда во категоријата најдобра ликовна творба за ученици на возраст од 15 до 18 години ја доби Тодор Гулев од СОУ Коле Неделковски,

Втората награда на Ликовниот Конкурс и припадна на  Леа Ивановска, од СГГУС Здравко Цветковски, од Скопје

И третата награда и беше доделена на  Драгана Минова, ученичка во СООУ Кочо Рацин од Свети Николе.

 

Учесниците на Ликовниот конкурс имаа можност да ги изразат своите уметнички досредли, отсликувајќи го нивниот совршен воздухоплов за иднината, кој би бил иновативен, еколошки пријатен и технолошки напреден. Тој би имал висока ефикасност на гориво, би користел напредни материјали кои го намалуваат својот еколошки отпечаток, и би имал напредни системи за безбедност и комуникација за подобро и посигурно воздушно патување за сите. Таков воздухоплов би овозможил истражување на нови дестинации, безгрижно патување и позитивен придонес кон заштитата на животната средина.

Наградите за сите победници беа без пилотни летала (дронови). На останатите ученици на Ликовниот конкурс, во знак на благодарност за вложениот труд и учество на Конкурсот, АЦВ им врачи училишни торби.

За изборот на најдобрите ликовни творби, одлучуваше посебна жири комисија, во чиј состав, партиципираа, професор по ликовно  образование од Факултетот за Ликовни Уметности, како и вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство.