Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 30 мај, 2024 година за вршител на должноста директор на АЦВ, од редот на вработените, беше избран Драги Стојаноски, долгогодишен раководите на Секторот за воздушен сообраќај.

Стојаноски, согласно законот за воздухопловство, во наредните два месеци, до распишување на Конкурс за избор на директор, ќе раководи со АЦВ.

До промена во раководната структура на Агенцијата дојде по поднесената оставка до Управниот одбор, од страна на поранешниот директор, Томислав Тунтев.