АЦВ:Аеродромските безбедносни служби постапиле професионално и во согласност со меѓународните правила и практики во случајот со претседателката на Косово, Османи
Тим од инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство, предводен лично од директорот Драги Стојаноски, денеска изврши повторен увид во доказите и спроведе вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.
При првичниот увид констатирано е дека, аеродромските служби надлежни за безбедносни проверки, во склоп на своите работни обврски постапувале професионално и придржувајќи се до правилата кои се наметнати согласно имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот.
Одбивање на спроведување на стандардните безбедносни проверки со истите патници согласно евиденцијата се случиле и во 2022г. и 2023г. кога безбедносни проверки се прифатени дури откако водачот на воздухопловот одбил да ги прими патниците во воздухопловот без спроведена безбедносна проверка.
Доколку службениците во ТАВ Македонија постапиле различно од пропишаните правила и дозволиле пропусти и заобиколување на пропишаните процедури истите ќе се соочеле со сериозни санкции од Агенцијата за цивилно воздухопловство како тело надлежно за нивна регулација.
Со оглед на тоа што се работи за општо прифатени меѓународни стандарди, доколку било кој се сомнева во нивната веродостојност, препорачуваме истата пракса да ја примени на некој од европските меѓународни аеродроми како би можеле да се уверат во нивната примена.
Како независно регулаторно тело би сакале да останеме надвор од политичките превирања за овој немил настан и искрено жалиме што наместо професионална разрешница на овој настан од каде би се извлекле поуки и би се преземале соодветни мерки за нивно ублажување и избегнување во иднина, сведоци сме на обиди за политичко поентирање и извртување на вистинската причина за неговото настанување. Во случајов извинување заслужуваат само аеродромските служби кои обидувајќи се доследно да ја извршуваат својата работа согласно прифатените меѓународни правила и практики, претрпеа непотребни притисоци закани и омаловажувања.
Со оглед на тоа што ваквите настани не се случуваат прв пат, ние како Агенција за цивилно воздухопловство ќе направиме се што е во наша моќ ова да биде последен пат.
Случувањата кои следеле подоцна, а кои се надвор од безбедносната зона ги оставаме на разрешување на другите институции со оглед на тоа што истите излегуваат од надлежноста на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |