Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 2 октомври 2024 година,  беше домаќин на работилница посветена на прописите на Европската унија за правила за летање, организирана од ЕУРОКОНТРОЛ.  Работниот состанок, е дел од програмата на ЕУРОКОНТРОЛ за поддршка на земјите-членки, да им се обезбеди соодветна помош и насоки при имплементирањето на прописите од областа на воздухопловството.

               

Целта на работилницата беше запознавање на учесниците со ЕУ Регулативата СЕРА, која се однесува на правилата за летање и прописите за државни воздухоплови. На состанокот, покрај експерти од Агенцијата за цивилно воздухопловство, учество земаа и претставници од Давателот на услуги за воздухопловна навигација „М-НАВ“, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.