Во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“, на 26.10.2024 година, во градскиот парк во Скопје, ќе се одржи четвртото издание на „SKOPJE AIR FAIR 2024“.

Целта на одржувањето на Саемот на воздухопловство, кој ќе се одржи во сабота, 26.10.2021 година, во градскиот парк во Скопје, во организација на невладината организација Авикон е популаризација на воздухопловните професии меѓу младата популација, како и промоција на воздухопловната професија, како значајна карика за развој на општествено економскиот систем во земјата.

На едно место во исто време, контролори на летање, пилоти, воздухопловни инженери, инспектори, за безбедност и сигурност во авиосообраќајот од АЦВ и друг воздухопловен персонал, ќе се обидат да ја задоволат љубопитноста на голем број млади посетители, кои сакаат да ги спознаат вештините и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор.

Со кои се предизвици треба да се соочат за стигнат до пилотска дозвола, како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, кои се надлежностите на инспекторите за безбедност во воздушниот сообраќај и многу други прашања и одговори, присутните ќе можат да добијат, на промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции.

Како општествено одговорна компанија и регулатор на македонското цивилно воздухопловство во земјава Агенцијата за цивилно воздухопловство на саемот, на својот промотивен пулт, ќе биде застапена преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и сигурноста во воздушниот сообраќај, надзор над воздухопловните пристаништа во земјава,  заштитата на правата на патниците во воздушниот транспорт.