АЦВ со промотивен пулт и тим од инспектори беше дел од воздухопловниот саем АВИКОН 2024
Агенцијата за цивилно воздухопловство, како општествено одговорна компанија и регулатор на македонското цивилно воздухопловство во земјава, викендов, беше дел од воздухопловниот саем, кој во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“,викендов по четврти пат, се одржа во градскиот парк во Скопје.
АЦВ, на саемот, покрај со свој промотивен пулт, беше застапена и преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и сигурноста во воздушниот сообраќај, надзор над воздухопловните пристаништа во земјава, заштитата на правата на патниците во воздушниот транспорт, кои се обидоа да ја задоволат љубопитноста на големиот број млади посетители, кои сакаа да дознаат, со кои се предизвици треба да се соочат за да стигнат до пилотска дозвола, како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, кои се надлежностите на инспекторите за безбедност во воздушниот сообраќај и многу други прашања и одговори.
Целта на одржувањето на Саемот на воздухопловство, во организација на Авикон е популаризација на воздухопловните професии меѓу младата популација, како и промоција на воздухопловната професија, како значајна карика за развој на општествено економскиот систем во земјата.
На едно место во исто време, зад промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции, се најдоа, контролори на летање, пилоти, воздухопловни инженери, инспектори, за безбедност и сигурност во авиосообраќајот од АЦВ и друг воздухопловен персонал, кои со својата комуникациска умешност се обидоа да ги пренесат своите вештини и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк