Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Драги Стојаноски, денеска им ја врачи наградата на учениците од 5в одделение од ООУ Лазо Трповски од Скопје, кои добија награда од специјалното жири на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. На натреварот, учениците земаа учество со модели на воздухоплови од типот Ербас А380, А 315, А320, изработени од различни материјали.

 

Честитајќи им на заслужената награда, Стојаноски им порача дека, нивната посветеност од најмлади години да учествуваат на меѓународни натпревари, со воздухопловен предзнак, за Агенцијата за цивилно воздухопловство, претставува вистинска гордост, бидејќи нивните креативни дела, директно влијаат врз на промоцијата на државата и на македонското цивилно воздухопловство пред домашната и меѓународна јавност.

Едновремено, додаде тој, ни дава надеж, нам како воздухопловни власти, дека сме предизвикале интерес кај вас како млади луѓе, за оваа исклучително важна, специфична и професија на иднината.

-Верувам дека вашите креативни дела како што се макети на воздухоплови во моментов изготвени од различни материјали, еден ден ќе се најдат во вашите раце во нивната вистинска големина и импозантност. Едновремено и посакувам, еден ден, голем број од вас да застанат зад кормилото на ЕРБАС, Боинг…или пак да се вклучат во воздухопловниот персонал кој ќе го управува леталото, да посакаат да се вклучат во изработката и одржувањето на овие летала и низа други професии кои ги нуди воздухопловниот сектор. Можеби ќе имате интерес и за влез во возухопловниот сектор, преку надзор и контрола над сигурноста и безбедноста на воздухопловите и патувачката јавност.

Стојаноски, покрај меѓународно стекнатата награда, на училиштето ООУ Лазо Трповски,  му врачи и Плакета од Агенцијата за цивилно воздухопловство, со која, како што рече, изразува огромна благодарност за вашите напори кои ги вложувате во промоцијата на македонското воздухопловство, во земјава и странство.

-Плакета која се надевам ќе преставува дополнителен поттик за вас како млади луѓе да продолжите со вашата мисија, која значи интерес, желба и страст воздухопловството да стане вашата идна професија, која ќе ви озможи да го допрете небото и да ги почувствувате адреналинот и возбудата кои ги нуди само безграничното воздушно синило, потенцираше Стојаноски.

Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение (сега веќе 5 то одделение) „Летаме со ербас“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.