Завршна конференција на проектот ТВИНИНГ Лајт, “Поддршка на АЦВ во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството”
На свечена церемонија, денеска во Скопје беше заокружена успешната реализација на проектот Твининг Лајт, “Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството”, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, како твининг партнер.
Обраќајќи им се на присутните високи претставници на ЕУ, хрватските и македонските државни институции директорот на македонската Агенција за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, посочи дека, постигнатите резултати се очигледни, не само во подобрените практики за безбедност и обезбедување во воздухопловството, туку и во зајакнувањето на институционалните капацитети.
-Постојаното вложување во подобрување на регулаторната рамка, градењето капацитети и професионалниот развој ќе биде од суштинско значење во стремежот кон подигнување на стандардите во областа на цивилното воздухопловство, потенцираше Стојаноски.
Шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ во земјава, Штефен Худолин, пак го истакна значењето на меѓусебната соработка на ЕУ и Северна Македонија, во насока на продлабочување на интегративните процеси и олеснувањето на приближувањето на регулаторните и оперативните рамки во областа на воздухопловството.
Според, хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ, овој успешно реализиран проект е афирмација на професионалниот капацитет на Хрватска за непоколеблива поддршка на напорите на земјата-корисник на европскиот пат.
Изразувајќи задоволство од исклучително квалитетната соработка и посветеност на колегите од македонската Агенција за цивилно воздухопловство, во подигнување на капацитетите и квалитетите на македонскиот регулатор на цивилното воздухопловство, директорката на хрватската АЦВ, Ана Капетановиќ, изрази уверување дека, АЦВ во престојниот период, ќе прерасне во еден од институционалните лидери на патот на земјата кон ЕУ.
Водачот на проектот од земјата-членка, г-дин Златко Ширац, и водачот на проектот од земјата-корисничка, г-ѓа Маја Васкова-Ќулавковска, ги презентираа постигнатите резултати во сите три компоненти на проектот:
-Развој на политики и правна рамка
-Капацитет за вршење надзор над безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството
-Систем за управување и развој на човечкиот капитал.
Твининг е инструмент на Европската унија за институционална соработка помеѓу јавните администрации на земјите-членки на ЕУ и земјите-кориснички или партнери. Проектот беше финансиран од Европската унија. Хрватската агенција за цивилно воздухопловство доби 250.000 евра од фондовите на ЕУ за имплементација на проектот Твининг Лајт во Република Македонија. Партнерите во проектот, покажаа голема посветеност на проектот и тоа резултираше со негова успешна реализација и постигнување на сите задолжителни резултати и исходи.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |