Агенцијата за Цивилно Воздухопловство во соработка со SOFEMA од Софија, Бугарија, од 28 до 29.11.2024, спроведе обука за вработените во АЦВ, како и за претставници на авиоиндустријата во земјава, со цел имплементација на Part ML и сертифицирање на Part CAO организации.

 

На овластените лица на дводневниот едукативен состанок од Аероклуб Скопје, Бизнис Ер, Римин Ер и МВР, им беше презентирана ЕУ Регулативата 1321/2014, во делот на Part CAO, иницијалната сертификација, услови, овласувања и обврски, следење на континуирана пловидбеност, одржување на воздухоплови, како и начинот и критериумите за издавање на ARC и Permit to Fly, Системот за квалитет и Organizational Review.

По завршувањето на обуката, учесниците на истата се стекнаа со сертификат за Part CAO.