Агенцијата за цивилно воздухопловство ги известува сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека на територијата на градовите Кочани и Штип е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови).
Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Апелираме до сите оператори редовно пред секоја планирана операција да вршат соодветна најава и проверка на достапност на планираната зона за оперирање на: